Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Карагер со критики за Реал: Тие се далеку од Сити, но и од Интер и Арсенал

Објавено

на

Реал Мадрид не се прикажа во добро светло во пресметката со РБ Лајпциг, но без разлика на тоа „кралевите“ со севкупно 2-1 изборија место во втората нокаут фаза на Лигата на шампионите.

„Биковите“ создадоа доволно шанси, полушанси на двете средби и ако завршницата на акциите беше на повисоко ниво сигурно ќе го гледавме тимот на Елмас во четвртфиналето.

Критики за Реал има и ќе има кога ќе игра вака, а Џејми Карагер отидете подалеку и порача дека екипата не заслужува место меѓу најдобрите во Европа.

-Аурата на „Бернабеу“ и големината на клубот го однесоа Реал во наредната фаза, но тој е далеку под квалитетот не само на Манчестер Сити, туку и на Интер и Арсенал. Во моментов за него нема место меѓу најдобрите тимови во Европа, -истакна Карагер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни