Поврзете се со нас

Англија

Карагер со јасен став: Манчестер Јунајтед не може да функционира со нив двајца во тимот, се чудам зошто го купија и Ван де Бек

Објавено

на

Поранешниот фудбалер на Ливерпул, а сегашен стручен аналитичар за натпреварите од Премиер лигата, Џејми Карагер смета дека двајца фудбалери на клубот не можат да играат во истиот тим затоа што тоа би било лошо за тимот.

Станува збор за Пол Погба и Бруно Фернандеш кои според Карагер не може да се најдат во ист тим и да понудат максимален ефект на теренот затоа што и двајцата играат на слична позиција.

Карагер го оправда Солскјер што се решил да го седне на клупата Пол Погба, но во исто време посочи дека Јунајтед никогаш нема да ја освои титулата со играчи како Фред и Мектомини.

– Всушност го поздравувам Оле што го стави Погба на клупата. Пред неколку недели, по натпреварот со Кристал Палас кажав дека Фернандеш и Погба не можат да играат заедно во средината на теренот и никогаш нема ни да можат.

– Од друга страна не разбирам зошто го купија Ван де Бек, навистина се чудам како тој ќе игра натпревари или на која позиција во тимот ќе влезе. Тој игра на позицијата 10, Фернандеш игра таму, Погба исто така може да игра тука.

– Подобро е за тимот да се играат Фред и Мектомини во средината, но со Фред и Мектомини кои не се доволно добри, Манчестер Јунајтед нема да ја освои лигата, -изјави Карагер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни