Поврзете се со нас

Англија

Карагер со јасен став: Ќе ни биде тешко со Манчестер Сити, Челси и Манчестер Јунајтед доколку…

Објавено

на

Поранешниот фудбалер на Ливерпул, а сегашен стручен аналитичар на состојбите во англискиот фудбал, Џејми Карагер упати предупредување до клубот од Мерсисајд.

Ливерпул досега се засили само со Ибрахима Конате кого го донесоа од Лајпциг за сума од 36 милиони фунти и засега нема најави за нови засилувања на „Енфилд“.

Според Карагер тоа ќе биде лошо за Ливерпул кој во тој случај нема да може да ги следи Манчестер Сити, Челси и Манчестер Јунајтед.

– Имаме доволен број на играчи и тоа не е проблем, но проблем е квалитетот. Доколку не донесеме нешто квалитетно ќе биде тешко да се исфрли Манчестер Сити од врвот, а да не заборавиме дека Челси е европски шампион, а Манчестер Јунајтед досега има одличен трансфер период со Варан и Санчо.

– Сакам да видам некој кој ќе донесе голови, дали тоа ќе биде играч од средината или некој од тројцата напаѓачи. Малку сум загрижен за Ливерпул, по тоа што се случуваше минатата сезона. Дали ќе постигнеме доволно голови и дали тие ќе се доволни за освојување на титулата?

– Очекувам одлична сезона од Мане. Тој се уште ја нема неговата најдобра сезона, а во претсезонските натпревари изгледа доста добро, се надевам дека тој ќе биде оној кој ќе направи разлика со постигнување голови, -изјави Карагер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни