Поврзете се со нас

Англија

Карагер со експлозивна изјава го нападна „себичниот“ Салах: Ако продолжи да го прави ова…..

Објавено

на

Foto:instagram.com/23_carra

Мо Салах понуди „бомба“ за англиските таблоиди по херојското издание кое го имаше против Саутемптон, бидејќи Египќанецот излезе со изјава која никој не ја очекуваше во овој момент.

Главниот голгетер на Ливерпул посочи дека е поблиску до заминување, отколку останува во клубот по крајот на тековната сезона, а бидејќи цела вина ја префрли кај водечките структури на клубот, автоматски се огради од неповолно сценарио во кое не би се нашол на удар кај фановите.

Египќанецот се претвори во фудбалска легенда на „Енфилд Роуд“ и испишува историја како лидер на Ливерпул, но неговото последно обраќање го разочара Џејми Карагер, кој сега реши експлозивно да го нападне Салах.

– Повеќе од сигурен сум дека имало дискусии досега. Од тоа што го знам, има огромни разлики во вреднувањето од двете страни. Има голема разлика во барањата на Салах и неговиот агент, и тоа што го нуди Ливерпул. Не знам дали станува збор за финансиски дел или за должината на договорот.

– Причината поради која Ливерпул не испратил официјална понуда е поради тоа што таа ќе биде одбиена. Се уште ќе има разговори и очајно посакувам да се најдат некаде на средина. Иако го велам ова, мора да признаам дека сум разочаран од Мо Салах. Реши да дава такво интервју во недела во која Ливерпул игра со Реал Мадрид, а потоа со Манчестер Сити за време на викендот.

– Ова е период кога треба да се мисли на Ливерпул. Салах за локалните репортери во Ливерпул е познат по тоа што во седум години само двапати застанал во микс-зоната, а сега се реши да го направи тоа по трет пат во Саутемптон. Најважната работа за Ливерпул оваа сезона не е иднината на Салах, не е ниту иднината на Ван Дајк. Најважна работа е да се освои титулата во Премиер лигата. Тоа е поважно од било кој играч, а ако Салах продолжи со вакви коментари, така покажува себичност. Ако прават вакви работи со својот агент, се ставаат себеси пред клубот, – критикува Карагер.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни