Англија
Карагер: Сити ја загуби титулата во ПЛ, нивниот фокус треба да биде…
Манчестер Сити не успеа да го преживее „Енфилд Роуд“ што не е изненадување со оглед на нивната форма во изминатиов период, но и онаа на Ливерпул кој делува цврсто, моќно, сигурно и заслужено е водечка екипа во Премиер лигата.
Сега „граѓаните“ имаат дури 11 бода помалку од Ливерпул по само 13. одиграни кола што е навистина голема разлика за оваа фаза на шампионатот. Многумина веќе и го отпишаа Сити во трката за пехарот, а еден од нив е и поранешниот англиски репрезентативец Џејми Карагер кој смета дека главен фокус на составот од Манчестер е Топ 4 пласман.
-Оваа сезона Манчестер Сити нема да ја освои Премиер лигата. Мислам дека нема враќање.
-Ова е речиси мини-криза за Манчестер Сити и мислам дека потсетува на Ливерпул пред две години. Всушност мислам дека Манчестер Сити може да се мачи, бори за првите четири позиции. Јас всушност ги гледам Арсенал и Челси и начинот на кој тие изгледаат во моментов… Мислам дека може да биде тешко за Манчестер Сити да заврши пред нив ако не излезат на пазарот во јануари, -порача Карагер за „Скај Спортс“.
-
Светски првенства13 часа
Пешевски ветува: Ова е само почеток, ќе гледате уште поборбена Македонија!
-
Шпанија13 часа
Јамал правеше чуда, Барселона испука „петарда“ и во мрежата на Бетис (Видео)
-
Шпанија19 часа
Анчелоти го крена гласот: Сигурно не сум најглупавиот во светот…..
-
Светски првенства14 часа
Лазаров: Неискуството не остави без победа, но јас сум горд на играчите!
-
Италија23 часа
Поразителни бројки за „бјанконерите“: Овој Јувентус е далеку послаб од минатата сезона
-
Англија18 часа
Клоп откри какво шоу ќе приреди доколку Премиер лигата му ги одземе титулите на Сити (Видео)
-
Шпанија18 часа
Ракитиќ со искрена желба и совет до Реал Мадрид: Се надевам дека оваа порака ќе ја слушне Перез!
-
Германија18 часа
„Отпишаниот“ Кариус ќе ја спасува кариерата во престижен германски клуб (Фото)