Англија
Карагер шокиран: Аморим направи една од најбизарните работи во историјата на фудбалот

Џејми Карагер редовно ги коментира случувањата во „својот двор“ и воглавно е задолжен за анализирање на Ливерпул, но кога има потреба, легендарниот стопер се вклучува и во дебати кои се актуелни за други елитни англиски клубови.
Англиската јавност во изминатите 48 часа посвети огромно внимание на изјавата која ја даде Рубен Аморим по поразот од Брајтон на домашен терен, односно на бруталниот став со кој тој го нарече својот тим како најлош во историјата на Манчестер Јунајтед.
Оваа искрена изјава на португалскиот стручњак наиде на измешани реакции во јавноста, а поранешниот стопер на Ливерпул е непријатно шокиран и смета дека менаџерот треба да биде опоменат од некој повисок член во хиерархијата на Јунајтед.
– Аморим ја направи најбизарната и најсмешната работа во историјата на фудбалот. Немам слушнато нешто посмешно од еден менаџер, навистина не гледам логика да кажете такво нешто во јавноста. Тоа е коментар кој се очекува од стручен аналитичар, а вие како менаџер треба да се браните од такви ставови. Не гледам каков бенефит ќе има од тоа што го кажа, нема потреба да ни нагласува дека гледаме навистина лош тим на Манчестер Јунајтед.
– Оваа изјава ќе го прогонува до крајот на сезоната, на самите новинари им порача дека им подарил насловни страни со кажаните зборови. Навистина не знам што сакаше да добие со тоа, после ова, не знам со кое лице ќе се појави во соблекувалната и ќе ги тера играчите да веруваат во себе. Тешко ќе му биде да го направи тоа откако го нарече тимот најлош во историјата на Јунајтед. Ќе бидам изненаден ако некој што работи на повисока функција од него во клубот, не го опомене со посериозни зборови. Не може да давате таква изјава како менаџер на Јунајтед, не смеете да додавате масло во огнот, – потенцира Карагер.
-
НБА15 часа
Ерата Дончиќ започна со охрабрувачка победа, несопирливиот Јокиќ броеше до 40 (Видео)
-
Свет13 часа
Модриќ ја издвои омилената „десетка“ од младите ѕвезди: Тој има светла иднина
-
Балкан14 часа
Јеличиќ: Ристовски последниот добар меч го одигра уште кога не постоеше Северна Македонија
-
Шпанија11 часа
Марсело играше со безброј ѕвезди во Реал, но останал посебно изненаден од еден соиграч: Не му се одземаше топката
-
Франција11 часа
ПСЖ го издвои генијалниот потег на Кварацхелија: Елеганција во движење (Видео)
-
НБА10 часа
Нова убиствена комбинација: Дончиќ додава, ЛеБрон реализира (Видео)
-
Лига на шампиони15 часа
Белингам со спомени од минатогодишното четвртфинале со Сити: Бев умрен од страв, но…..
-
Англија24 часа
Ловрен за ситуацијата на Салах во Ливерпул: Знам многу работи…