Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Карагер се наврати во историјата на Ц. Звезда и ги изненади колегите со детали за Панчев, Просинечки и Савиќевиќ

Објавено

на

Џејми Карагер ги импресионираше колегите стручни коментатори и водителката на емисијата на „Си-Би-Ес“ со познавањата околу историската сезона на Црвена Звезда, во која тогашниот југословенски првак го обезбеди и единствениот трофеј во Купот на европските шампиони, или денешната Лига на шампиони.

Темата била иницирана поради вчерашниот настап на црвено-белите во дуелот со Лајпциг во групната фаза на ЛШ, а Карагер го прифати предизвикот да посочи детали за генерацијата и случувањата во таа сезона 1990/91.

– Се сеќавам на таа Црвена Звезда која го освои трофејот на пенали, но во тоа финале играше различно од тоа што го покажа во текот на сезоната.

– Овој тим постигна 19 голови на патот кон финалето. Ова е клучното промашување на Аморос, а потоа голот на Дарко Панчев. Тој беше најдобар стрелец на екипата и го постигна голот за победа. Подоцна замина во Интер, иако таму не помина најдобро.

– Екипата имаше и фантастични играчи во средниот ред, Просинечки, Савиќевиќ… Просинечки играше за Реал и Барселона, а Савиќевиќ го освои трофејот со Милан во 1994 година, – објаснил Карагер додавајќи уште неколку детали.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни