Поврзете се со нас

Англија

Карагер: Само еден тим е подобар од Арсенал во ЛШ

Објавено

на

foto:twitter.com/CBSSportsGolazo

Англискиот прволигаш Арсенал со убедливата претстава и победа над Ленс од 6-0 и официјално го обезбеди првото место во групата Б во Лигата на шампионите, односно тоа значи дека ќе добие „полесен“ противник во првата нокаут рунда.

„Топчиите“ играат добро сезонава како во ЛШ така и во Премиер лигата, па според Џејми Карагер во овој момент само еден тим е подобар од нив во елитното натпреварување-тоа е составот на Манчестер Сити.

-Мислам дека тие се кандидати за пехарот. Тие ја немаат таа историја на која можете да погледнете во ова натпреварување со повеќекратни европски триумфи како Баерн Минхен. Не би рекол дека Баерн Минхен е подобар тим од Арсенал, но има нешто кога ќе го видите Баерн во Европа, чувствувате како да можат да го направат тоа затоа што веќе биле таму порано.

-Арсенал ја нема таа аура, ама мора некогаш да ја добие. Во моментов има само еден тим кој е подобар од Арсенал во ова натпреварување, само Манчестер Сити е подобар од нив, -истакна Џејми за „Си-Би-Ес Спортс“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни