Англија
Карагер посочи какви засилувања му се потребни на Ливерпул по поразот од Њукасл

Ливерпул нема по добро да ја памети претходнава недела во која прво беше елиминиран од Пари Сен Жермен од Лигата на шампионите, а потоа и загуби од Њукасл во финалето на англискиот Лига Куп.
„Црвените“ беа непрепознатливи на „Вембли“ и сосема заслужено трофејот замина во Њукасл кој на овој начин стави крај на „клетвата“, поточно го прослави првиот трофеј по пауза од 70 години.
Џејми Карагер како легенда на Ливерпул е разочаран што пехарот не заврши на „Енфилд Роуд“, но во исто време идентификуваше проблем кој според него може да биде решен со ангажман на двајца офанзивци во летниот преоден рок.
-Ова веројатно беше еден од најлошите настапи што сум ги видел од Ливерпул во финале. Но тие дадоа многу оваа сезона и загубија еден првенствен натпревар. Тешко е да се биде премногу критичен, но ова фрли светло на тоа каде Ливерпул треба да се подобри.
-Недостатокот на темпо во нападот е очигледен. Жал ми е за Салах, тој беше тивок со ПСЖ и денеска не беше одличен, но не добива помош од другите напаѓачи. Останатите напаѓачи се добри играчи, но не се одлични. Тие треба да одат и да купат двајца напаѓачи ова лето за да играат покрај Салах. Последната недела покажа што им треба во лето. Возбудливо е затоа што Ливерпул ќе ја освои лигата и тие сè уште треба да се подобрат во некои области, -истакна Карагер.
Останува да се види дали Салах воопшто ќе остане во Ливерпул затоа што договорот му завршува на крајот на месец јуни.
-
Италија23 часа
Конте ја продолжи вербалната војна со Де Лаурентис: Не сум глупав
-
Шпанија12 часа
Барселона му фати голем сеир на Реал по неверојатниот пресврт против Селта Виго (Фото)
-
Шпанија7 часа
Барселона излезе со соопштение за повредата на Левандовски, познато е на кои натпревари сигурно нема да игра (Фото)
-
Англија11 часа
Ѕвезда на Астон Вила: Бев бесен за минутажата против ПСЖ и му го кажав тоа на Емери
-
Шпанија21 час
Валверде застанал во одбрана на колегата Анчелоти: Како треба да се чувствуваме ние останатите
-
Шпанија23 часа
Флик по драматичната победа над Селта: Посебно сум среќен поради една работа
-
Лига на шампиони12 часа
Фердинанд типуваше кои два тима ќе играат во финалето во Минхен и го потврди својот јасен фаворит за трофејот во ЛШ
-
Шпанија8 часа
Ансу Фати долго се загреваше, па целосно „експлодираше“ откако беше вратен на клупата за резерви (Видео)