Поврзете се со нас

Англија

Карагер по неуспешниот старт на Ливерпул: Нема потреба од паника, сакам Клоп да..

Објавено

на

Поранешниот капитен на Ливерпул, а сега стручен аналитичар на состојбите во англискиот фудбал, Џејми Карагер имаше свое видување за неуспешниот старт на „црвените“ во Премиер лигата.

Ливерпул неочекувано ремизираше против Фулам  (2:2) во воведното коло од Премиер лигата, а многумина забелешки најдоа во играта во средниот ред на тимот од „Енфилд“.

Клоп се соочува и со повредени фудбалери, а оние кои играа на средбата не се прикажаа баш во најдобро светло, по што од фановите беше побарано да се реагира на трансфер пазарот и да се ангажира некој играч од средниот ред.

Карагер истакна дека нема потреба од паника и дека мора внимателно да се види дали Ливерпул треба да ангажира нов играч и доколку ангажира тој да биде квалитетен, а не да претставува само пополнување на некоја бројка.

– Повеќето би рекле дека средината на Ливепрул треба да биде засилена, не во бројка, туку во квалитет. Ова не е напад врз средината на теренот, но играчите кои ги имаат тука се играчи кои веќе се во нивните 30-ти.

– Првиот избор на Ливерпул кој играше против Фулам се ближи до 30 години и мора да почнете да размислувате дека потребен е помлад и поенергичен фудбалер. Имаат такви играчи во тимот, но сега сите се повредени.

– Би сакал Клоп и Ливерпул да го направат тоа што го сакаат во средината. Успехот на Ливерпул на трансфер пазарот се должи што тие не паничат. И сега треба да биде така, ако нема слободен играч од средината кој не го сакаат, не мора да носат нов играч. Но, ако мислат дека некој има квалитети и е слободен, би сакал да го донесат, но не смее да паничат, -јасен беше Карагер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни