Поврзете се со нас

Англија

Карагер: Обамејанг станува нов случај „Озил“ за Арсенал

Објавено

на

Џејми Карагер смета дека Арсенал може да има уште еден случај „Озил“ и тоа со актуелниот капитен Пјер-Емерик Обамејанг.

Поранешниот дефанзивец, а сега стручен коментатор на „Скај“ предупредува дека последните изданија на Габонецот не најавуваат позитивен епилог од неговото останување на „Емирејтс“.

Обамејанг одигра бледо и на дербито со Ливерпул, па Карагер тоа го искористи за своето објаснување.

– Сметам дека Обамејанг многу често сезонава одигра многу мрзливо.

– Не ме интересира колку голови постигнува, бидејќи тој е фудбалер кој воопшто не му помага на својот тим кога не постигнува гол. Тоа е голем проблем.

– За менаџерот Микел Артета може да биде уште еден проблем како Озил, кога имате фудбалер со навистина висока плата, а тој не придонесува многу на резултатите, – изјавил Карагер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни