Поврзете се со нас

Англија

Карагер непријатно изненаден од ѕвездата која си замина од Ливерпул: Сакаше повеќе пари, клубот рече НЕ! (Фото)

Објавено

на

Џини Вајналдум одби да признае дека го избрал ПСЖ пред Барселона поради подобрата финансиска понуда, но вчера стана доста актуелен и во Англија поради изјавата со која изненади голем дел од фановите на Ливерпул.

Холанѓанецот истакна дека не се чувствувал доволно сакан во Ливерпул во последните две години, а иако се обиде да прецизира дека станувало збор за скриени фанови на социјалните мрежи, сепак неговиот став изнуди лута реакција од легендата Џејми Карагер.

– Ливерпул ми значеше многу, но имаше моменти кога не се чувствував сакан и ценет, особено во последните две години. Не мислам за моите соиграчи и луѓето од Мелвуд, сите тие ме сакаа, но од страна имаше и лоши коментари. Не помогнаа и медиумите, кога ја одбив понудата, веднаш се стави во фокусот дека сакам повеќе пари.

– Фановите на стадионот и оние на социјалните мрежи беа сосема различна работа. На стадионот беа фантастични, не можам да кажам ништо лошо, но на социјалните мрежи секогаш бев обвинуван кога не му одеше добро на тимот на теренот, – изјави Џини за „Тајмс“.

– Го сакам Џини, но ова не е во ред. Социјалните медиуми се циркус и секој клуб има кловнови. Исклучи ги нотификациите ако ти додеваат и избриши ја апликацијата! Тој сакаше повеќе пари, а клубот рече не, тоа е фудбалот!, – порача Карагер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни