Поврзете се со нас

Англија

Карагер не може да го сфати Тен Хаг: Избра играч кој не може да трча

Објавено

на

Foto:instagram.com/23_carra

Манчестер Јунајтед успеа да се одбрани на „Енфилд Роуд“ и да освои бод на тешкото гостување, стадион на кој оваа година претрпе еден од најтешките порази во својата историја.

По незаборавните 7:0 од месец март, Јунајтед играше многу попретпазливо и дисциплирано во одбрана во текот на вчерашниот меч, а со дефанзивниот пристап успеа и да ги налути претставниците на домашниот тим.

Вирџил Ван Дајк и Јирген Клоп немаа добри коментари за тактиката на Ерик Тен Хаг, додека Џејми Карагер го доведе во прашање и изборот кој го направи Холанѓанецот во средниот ред.

Иако Јунајтед успеа да одолее и да ги одржи почетните 0:0, еден играч беше посебно несигурен и најчесто беше лошо поставен, а тоа беше мароканскиот репрезентативец, Софијан Амрабат.

Рој Кин изминативе месеци во неколку наврати посочи дека тој не е калибар на играч за Манчестер Јунајтед, став со кој сега се согласи и легендарниот стопер на Ливерпул.

– Да бидам искрен, не знам зошто Манчестер Јунајтед играше со стратегија „човек на човек“. Ливерпул не победи поради својата лоша реализација, не поради добрата игра на Јунајтед. Не можам да сфатам зошто Тен Хаг го играше Амрабат, тој човек не може да трча, – изјави Карагер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни