Поврзете се со нас

Англија

Карагер направи необична споредба откако Ван Дајк го доби дуелот со Халанд

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Вирџил Ван Дајк вчера имаше доминантно издание во одбраната на Ливерпул и беше вистински лидер во секој поглед на дербито против Манчестер Сити, на кое успеа да добие серија дуели кои ги имаше со Ерлинг Халанд.

Капитенот на Ливерпул целосно го отсече главниот напаѓач на Сити и со своите одлични пасови често ги започнуваше акциите на домашниот тим, па со своите беспрекорно издание уште еднаш „украде“ серија пофалби од Џејми Карагер.

Легендата на Ливерпул со години наназад тврди дека Ван Дајк е еден од најдобрите стопери кои некогаш заиграле во Премиер лигата и го стави едно скалило погоре од Рио Фердинанд, а по добиената битка против Халанд, направи и една необична споредба за две сосема различни позиции.

– Најдобрите стопери не играат само свој најдобар меч, тие прават нешто повеќе за тимот. Играчи како Ван Дајк ја контролираат цела дефанзивна четворка, цела одбрана на Ливерпул изгледаше стабилно поради него.

– Големите играчи ги пазат своите соиграчи и поради тоа Ван Дајк беше играч на мечот. Халанд е најдобриот напаѓач во светот, а Ван Дајк е најдобар како стопер. Всушност, за мене Ван Дајк е подобар стопер отколку што Халанд е добар како напаѓач. Гледавме битка на најдобриот стопер против најдобриот напаѓач, а Ван Дајк излезе како победник, – изјави Карагер.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни