Карагер му се поклони на Солскјер: Тоа што го направи беше надвор од овој свет!

jejmi-skaj

Џејми Карагер традиционално беше задолжен за „понеделничката ноќ“ и фудалската програма во студиото на „Скај Спортс“, а во низата интересни констатации кои ги даде пред, за време и по крајот на натпреварот меѓу Вест Хем и Арсенал, за издвојување е една изјава која ја даде за манчестерското дерби кое се одигра изминатиов викенд.

Легендата на Ливерпул доби шанса да ги искоментира случувањата на „Итихад“, а од тоа што го кажа, може да се заклучи дека е импресиониран од тактичката мастерклас кој го изведе Оле Гунар Солскјер на едно од најтешките гостувања во Англија. Џејми му се поклони на менаџерот на Јунајтед и посочи дека првите 30 минути од натпреварот, биле најдобрите кои некој тим ги одиграл против тимот на Гвардиола во изминатите три години.

– Мислам дека тоа беа најдобрите 30 минути кои сум ги видел. Не сум видел никој да игра така против Сити во изминатите три години, никој не го надиграл така. Ливерпул го правел тоа на „Енфилд“, но ова беше на гости. Тоа беше уништувачки, Манчестер Јунајтед го достигна својот врв. Тоа беше суперквалитетен фудбал со 100 милји на час. Дури и Сити во своите најдобри денови, ќе имаше проблеми да се справи со тоа. На овој меч, Јунајтед беше надвор од овој свет, секоја чест за подготовката, – изјави Карагер.

Facebook Коментари