Поврзете се со нас

Англија

Карагер му предложи на Клоп да го замени Ван Дајк со трансфер метата на Јунајтед: Донеси го во јануари!

Објавено

на

Вирџил Ван Дајк ќе отсуствува подолго време од фудбалските терени по ужасната повреда која ја заработи на Мерсисајд дербито против Евертон, на кое беше жртва на крајно непријатен старт од невнимателниот Џордан Пикфорд.

Голманот на Евертон стартуваше директно врз коленото на најдобриот дефанзивец на гостинскиот тим, па иако Ван Дајк се обиде да стегне заби и да продолжи, набрзо самиот побара измена и стана јасно дека нешто не е во ред. Јирген Клоп стравуваше од најлошо сценарио веднаш по крајот на мечот, а за жал во неделата Ливерпул само потврди дека станува збор за кинење на предниот вкрстен лигамент.

Ван Дајк сега ќе оди под нож и ќе мине долг процес на рехабилитација, па не се исклучува можноста да ја пропушти и цела натпреварувачка сезона. Џејми Карагер е свесен дека повредата на Ван Дајк е голема загуба за Ливерпул, па му препорача на Клоп да реагира уште во јануари, купувајќи ја трансфер метата на Манчестер Јунајтед.

– Има едно младо момче за кое многу се зборуваше изминатово лето и за кое сериозен интересе пројавуваше Манчестер Јунајтед. Тоа е Упамекано од Лајпциг.

– Тој не е профил на играч како Ван Дајк кој може да доминира во воздушните дуели, но Ливерпул треба да извади екстра пари и да го доведе во јануари, наместо да го прави тоа следното лето. Ако го направи тоа, Ливерпул ќе остане со празнина во одбраната само на следните 11 натпревари, – порача Карагер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни