Поврзете се со нас

Англија

Карагер: Ливерпул е поблиску до титулата од тоа што си мислат луѓето

Објавено

на

Џејми Карагер е задоволен од досегашните настапи на Ливерпул под водство на Арне Слот и е убеден дека „црвените“ се сериозен претендент за шампионската титула во Премиер лигата.

Поранешниот дефанзивец смета дека победата на „Олд Трафорд“ над Манчестер Јунајтед е позитивен знак за клупските амбиции.

– Ливерпул победи на првите две средби, па дури и реми во Манчестер ќе беше добар резултат.

– Историски, гостувањата на овој стадион секогаш биле тешки за Ливерпул, но овојпат тие излегоа на крај со противникот многу лесно.

– Оваа победа треба да ја подигне самодовербата кај сите во клубот, фудбалерите имаат освоено многу трофеи, но се уверија дека можат да му веруваат на новиот менаџер. Можеби овој Ливерпул е поблиску до титулата отколку што мислат луѓето, – истакнал Карагер.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни