Поврзете се со нас

Англија

Карагер ја издвои екипата која е најблиску до Сити во борбата за титулата во ПЛ

Објавено

на

Челси и Манчестер Сити со еден неверојатен натпревар со осум голови и реми од 4-4 ја затворија 12. рунда во Премиер лигата.

„Граѓаните“ со овој бод останаа осамени на врвот, поточно имаат еден повеќе од Ливерпул и Арсенал и два од Тотенхем кој ја заокружува првата четворка на табелата.

Веќе во наредното коло имаме неколку интересни битки од кои дефинитивно во фокусот ќе биде соочувањето на Сити и Ливерпул на „Итихад“, средба од 13:30 часот на 25 ноември.

Џејми Карагер како стручен аналитичар внимателно ги прати сите актуелности, случувања, па според него ако некој може да го загрози Сити или поточно вистински го предизвика за пехарот во ПЛ тоа е Ливерпул.

-Зошто Ливерпул не треба да оди таму и да верува дека може да биде во оваа трка за титулата? Тие се единствениот тим што навистина го притисна Сити во последниве неколку години. Ова е нов тим на Ливерпул, но тие сепак би можеле да бидат најголемите предизвикувачи на Манчестер Сити затоа што имаат играчи и менаџер кој веќе бил во оваа ситуација, -рече Џејми и додаде:

-Сè уште мислам дека Манчестер Сити  е ниво над Ливерпул и Арсенал. Тоа може да се промени во следните четири или пет месеци, тие тимови може да растат, секако Ливерпул кој има многу нови играчи. Ама се чувствува како да не сме го виделе вистинскиот Сити досега во оваа сезона и тие се уште се на врвот во лигата, -заклучи Карагер за „Скај Спортс“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни