Поврзете се со нас

Англија

Карагер излезе со свое резиме за клинчот меѓу Клоп и Салах (Фото)

Објавено

на

foto: twitter.com/LFC

Англиската спортска јавност традиционално дава голема важност на необични инциденти како што го видовме вчера во Лондон, стадион на кој Јирген Клоп и Мо Салах режираа специфична сцена.

Во моментите кога Клоп ги подготви своите три замени, Мо Салах имаше забелешки за доцното влегување во игра на мечот со Вест Хем, па спротивставените мислења на двајцата донесоа и несекојдневна сцена.

Јирген и Мо се „зајадоа“ и Дарвин мораше да биде миротворец во цела тензична ситуација, а бидејќи по истата се крена голем прав во јавноста, сега со резиме се јави и легендарниот Џејми Карагер.

– Мо Салах и Јирген Клоп се две легенди на Ливерпрул. Не треба да бираме страна во оваа ситуација! Салах беше фрустриран и лут што не беше игран од Јиррген и во тој момент не сакаше целосно да го прегрне тренерот, а Јирген секако направи исклучок.

– Мо беше лут и тоа го покажа со коментарот кој го даде во микс-зоната, но ајде да им дозволиме самите да го решат ова и да уживаме во нивните последни недели заедно. Тие се беа голема потпора еден на друг во неверојатни работи кои ги оствари клубот, – порача Карагер.

Инаку, Клоп брзо го архивираше инцидентот и по мечот порача дека веќе нема да се навраќа на истиот, но Салах не беше толку расположен и посочи дека одбива да зборува пред новинарите за да не избие „пожар“ во јавноста.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни