Поврзете се со нас

Лига на нации

Карагер избра страна по историскиот дебакл на Англија и застана во одбрана на новата жртва (Фото)

Објавено

на

Англија доживеа историски дебакл на домашен терен од Унгарија и беше поразена со 0:4, резултат по кој огромен дел од јавноста на Островот се сврте против човекот кој доживеа доста убави моменти изминативе години.

Селекторот Герет Саутгејт се најде на удар и доби напади од огромен број англиски таблоиди  и поранешни фудбалери, пораки кои најмногу го налутија легендарниот Џејми Карагер кој застана во одбрана на националниот предводник на фудаблскиот тим.

Најголем дел од медиумите заклучија дека Саутгејт веќе не знае што прави со селекцијата и си најдоа нова жртва за критикување, зборови кои го разгневија поранешниот стопер на Ливерпул.

– „Не знае што прави“… Замолкнете кловнови. Овој тренер ја однесе оваа земја на два турнири до најдобрите резултати по 1966-та година.

– Исто така, ставовите дека Саутгејт го сопрел овој тим немаат никаква логика, овој тим не е подобар од оние во 2004/06 и 1996/98. Саутгејт ги надмина очекувањата, иако имаше поволни ждрепки. Момци, одморете и вратете се на нормалното ниво, – порача Карагер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни