Поврзете се со нас

Англија

Карагер и Невил направија комбиниран тим од асови од Јунајтед и Ливерпул, осум играчи се поклопуваат (ФОТО)

Објавено

на

Овој викенд во Англија се игра големото дерби на вечните ривали Манчестер Јунајтед и Ливерпул, средба која секогаш носи внимание, посебна возбуда затоа што се работи за два големи великани.

Двата тима во оваа кампања влегоа со високи амбици и цел да го симнат Манчестер Сити од врвот на Премиер лигата, па според досега прикажанот поблиску до тоа е четата на Јирген Клоп која има освоени четири бода повеќе во однос на избраниците на Оле Гунар Солскјер.

Ова дефинитивно го става Јунајтед под поголем императив за победа затоа што вакците дуели на крајот можат да се покажат како пресудни. Останува да видиме дали „црвените ѓаволи“ ќе можат да ги израдуваат своите навивачи, но во меѓувреме поранешните англиски репрезентативци и сегашни аналитичари Џејми Карагер и Гери Невил направија комбинирани тимови од двата состави.

Се работи за состав кој според нив е најдобар од она што во моментов располагаат двете екипи, а Џејми и Гери во најголем дел се согласуваат и за тоа говори фактот што дури осум играчи се во двете комбинации.

Разликата е во тоа што Карагер ги има Матип, Фернандеш и Гринвуд во формацијата 4-3-3, додека пак Невил повеќе им верува на Мегваер, Фирмино и Роналдо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни