Поврзете се со нас

Англија

Карагер го советува Слот да го купи откровението на Борнмут

Објавено

на

Ливерпул игра атомски фудбал и во неделата постигна шест гола во мрежата на Тотенхем, а победата од 3:6 дополнително ги зацврсти „црвените“ на врвот на табелата со оглед на киксот кој го имаше Челси.

Арне Слот успеа многу брзо да ја пренесе својата фудбалска филозофија и играчите на Ливерпул одговорија на најдобар можен начин, но за да се биде конкурентен на сите фронтови, Џејми Карагер смета дека овој состав треба да биде засилен со неколку имиња.

Широката клупа секогаш е одлика за најсилните тимови во Европа, а Карагер реши да издвои едно име за кое би требало да има обид за купување уште во јануари.

– Керкез е откровение на Борнмут и вистинска сензација. Техничкиот директор кој го купи во Борнмут сега е спортски директор во Ливерпул (Ричард Хјуз).

– Керкез личи на целосно изграден дефанзивец и тој е многу агресивен. Тој игра извонредно од самиот старт откако дојде во Премиер лигата и тој е играч на кој треба да се гледа во иднина. Левата бековска страна е позиција на која Ливерпул мора да се засили во јануари. На Енди Робертсон му е потребна помош. Тој е легенда на Ливерпул, но одигра безброј натпревари под водство на Клоп и константно трча по левата страна со години наназад.

– Јасно е дека Ричард Хјуз знае каков играч е Керкез, сигурен сум дека ја знае и ситуацијата со неговиот договор кој тој му го подготви. Ливерпул не направи некој посебен бизнис во летниот преоден рок, па мислам дека би било добро да реагира во јануари, наместо да чека до следното лето, – вели Карагер.

Милош Керкез има 21 година и игра за репрезентацијата на Унгарија, а последниот одличен натпревар го имаше во неделата на „Олд Трафорд“ против Манчестер Јунајтед.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни