Поврзете се со нас

Англија

Карагер го „поздрави“ Фердинанд и прогнозираше што ќе се случи со Јунајтед: Ова не е победата…

Објавено

на

Манчестер Јунајтед избори пласман во полуфиналето на ФА Купот и тоа откако во супер драматичен меч славеше над големиот ривал Ливерпул со 4-3.

На „Олд Трафорд“ мораа да се играат продолженија за да се добие победникот, а токму во нив паднаа дури три гола од кои два за домаќинот со тоа што оној последниот, решавачкиот дојде дури во 121 минута од страна на резервистот Диаоло.

Ова донесе голема радост кај „црвените ѓаволи“, радост која беше комплетирана до ждрепката во која клубот за ривал го доби Ковентри што значи дека има отворен пат за финалето во кое треба да игра со подобриот од Манчестер Сити-Челси.

Рио Фердинанд како голем навивач и поранешен играч на Јунајтед објави фотографија со порака Вембли што беше мотив за Џејми Карагер да одговори.

-Опушти се. Манчестер Сити лесно ќе ве победи во финалето и Ерик Тен Хаг се уште ќе ја води екипата во следната сезона. Ова не е победата која мислиш дека е, -порача легендата на „црвените“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни