Поврзете се со нас

Англија

Карагер го пофали Кристијано Роналдо: Токму ова ќе го бара Рангник од него

Објавено

на

Екипата на Манчестер Јунајтед славеше на првиот натпревар под водство на привремениот тренер, Ралф Рангник откако со 1:0 го совлада тимот на Кристал Палас.

Интересно е тоа што под водство на германскиот стратег, „ѓаволите“ ја зачуваа мрежата на „Олд Трафорд“ за прв пат по месец април,па јасно беше дека веднаш се видливи промените со неговото доаѓање.

Рангник е тренер кој е познат по високиот пресинг, па токму на такво стил ќе ги тера своите нови пулени во следниот период, а според Карагер тоа било видливо и на натпреварот против Кристал Палас.

Некогашниот фудбалер на Ливерпул, а сегашен аналитичар на „Скај Спортс“ истакна дека Роналдо бил играчот кој на неверојатен начин го одиграл бараното од новиот стратег на Јунајтед.

– Пресингот од Роналдо беше апсолутно неверојатен и токму тоа ќе го бара Рангник од офанзивните фудбалери, посебно централните напаѓачи, -изјави Карагер.

Нов показател дека нештата се сменуваат во Јунајтед е тоа дека тимот за прв пат успеал 12 пати да освои топка во последната третина од теренот уште од времето кога Сер Алекс седеше на клупата на „Олд Трафорд“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни