Поврзете се со нас

Свет

Карагер го избра најдобриот стадион во светот: Тоа е врвот

Објавено

на

Foto:instagram.com/23_carra

Џејми Карагер како спортски аналитичар за „Си-Би-Ес“ има можност да ги посетува најпознатите и најкултни стадиони ширум Европа, а неговата последна посета на „Сантијаго Бернабеу“ го оставила легендарниот стопер на Ливерпул без текст.

Реновинариот дом на „кралскиот клуб“ доби нов лик и ултра модерни алатки за време на реконструкцијата која траеше во Ковид периодот, па Карагер сега е убеден дека „Бернабеу“ е убедливо најдобриот и најубавиот стадион во Европа.

Англичаните често го споменуваат модерниот дом на Тотенхем како најдобар стадион на стариот континент, но Џејми смета дека новиот „Бернабеу“ е нешто посебно.

– Бев на „Бернабеу“ изминатава недела во Лигата на шампиони. Како деца од Англија, секогаш сме барале дресови од Барселона и Реал Мадрид како најпрестижни клубови во Европа. Јас секогаш бев за Барселона поради Гери Линекер, но кога зборував со сите шпански играчи, сите ми велеа дека Реал е број еден.

– Имав играно на стариот „Бернабеу“, но кога застанав на теренот на реновираниот, си помислив „тоа е тоа, ова е врвот“! Веднаш сфатив зошто Трент би посакал да замине во Реал, да бидам искрен, се надевам дека го нема видено новиот покрив и новиот изглед на стадионот. Секојпат кога одиме во Северен Лондон мислиме дека стадионот на Тотенхем е најдобар во светот, но всушност не е. Најдобар стадион е „Бернабеу“, специјално е кога го гледате одвнатре, – порачува Карагер.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни