Поврзете се со нас

Англија

Карагер ги истипува мечевите во англискиот Лига Куп, Арсенал ќе биде елиминиран

Објавено

на

Англискиот Лига Куп или популарниот Карабао Куп повторно е на сцена со дуелите од осминафиналната фаза, фаза во која ќе видиме некои дуели на премиерлигашите.

Две пресметки се издвојуваат и тоа дефинитивно се соочувањата Вест Хем-Арсенал и Манчестер Јунајтед-Њукасл кои се закажани за вечерва од 20:30, односно 21:15 часот.

Џејми Карагер како познат стручен аналитичар даде прогноза за истите, односно според него ќе видиме елиминација на Арсенал и Њукасл.

-Ова е големо. Мислам дека ќе биде навистина тесен натпревар и Арсенал ќе направи неколку промени. Зависи од тоа со кои тимови ќе излезат на терен бидејќи не сум сигурен со промените ќе ги направи Вест Хем со оглед на тоа што тие се и во Лига Европа, па затоа ќе типувам на Вест Хем на пенали.

-Ќе типувам на Манчестер Јунајтед. Знам дека Јунајтед има многу повреди во моментов, но мислам дека ако можат да се вратат неколку, тие сепак имаат подлабок тим од Њукасл. Мислам дека и двата тима ќе направат промени, но мислам Јунајтед има домашна предност и ќе помине. Предвидување: Манчестер Јунајтед-Њукасл 1-0

Прогноза за другите средби:

Борнмут-Ливерпул 1-2

Испвич-Фулам 2-1

Челси-Блекбурн 3-0

Евертон-Барнли 2-0

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни