Поврзете се со нас

Англија

Карагер: Двајца играчи го направија Арсенал сериозен кандидат за титулата

Објавено

на

Микел Артета се соочи со доста проблеми откако го презема Арсенал и во два наврати беше блиску до отказ, но успеа да го преброди сето тоа и сега доживува убедливо најдобри денови откако е менаџер на „топчиите“.

Пред точно една година во месец септември, Арсенал во еден момент беше на дното на табелата во Премиер лигата и служеше за потсмев, но 12 месеци подоцна, тимот на Артета е лидер во англиската елита и најпријатно изненадување на врвот.

Овој тим на Арсенал кончено делува на тим кој може да ја надмине психолошката бариера од последните години и да направи ичсекор, а Џејми Карагер верува дека „топчиите“ прераснуваат во сериозен кандидат за титулата со оглед прикажаното на стартот.

– Ако го гледате само овој Арсенал, а не сте го гледале оној од изминатите сезони, ќе мислите дека никогаш не сте го гледале овој тим. Ова е сосема различен тим, изгледаат како вистински претенденти за титулата.

– Отсекогаш сум бил голем фан на Артета, беше многу храбар и повлече тешки потези. Им даде шанса на многу млади играчи, но тие деца сега се 12 месецие поискусни, а со двајца играчи станаа кандидати за титула. Жезус и Салиба го променија цел аспект кај Арсенал. Искрено сметам дека можат да бидат многу поблиску до титулата од што многумина мислат во Англија, – вели Карагер за „Ток Спорт“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни