Карагер: Арсенал за 11 милиони фунти го купи Анри, а ние за 11 милиони фунти го купивме…

kara-sky1

Џејми Карагер се обиде да објасни зошто на Ливерпул му беа толку многу години за да влезе во друштво на најсилните во Англија и да се бори за титулата во Премиер лигата, ставајќи посебен акцент на неможноста да се трошат многу пари во времето кога тој беше дел од првиот тим, но и на лошата трансфер политика и лошиот избор на одговорните луѓе.

Легендарниот стопер за најдобар пример за споредба го зема Арсенал, тим кој во тоа време важеше за убедливо најдобар во лигата заедно со Манчестер Јунајтед, состав кој секако испиша и историја со тоа што стана единствениот кој цела сезона ја мина без пораз во англиската елита. Правејќи паралела за тимовите кои ги имаа Арсенал и Ливерпул во тоа време, Карагер извлече еден брутален заклучок, со кој во прв план ги стави фантастичните трансфер квалитети на Арсен Венгер.

– Во тоа време, мислам дека трошевми слично како со Арсенал. Но главната разлика меѓу Улие и Венгер беше тоа што Арсен беше гениј на трансфер пазарот. Го обожавам Улие, немој да ме сфатите погрешно, но Венгер беше мастер на трансфер пазарот. Венгер го купи Анри за 11 милиони фунти, а ние го купивме Емил Хески за 11 милиони фунти. Ако ние го купивме Ник Бармби за 6 милиони фунти, тие за истата сума го купија Пирес. Исто така, во тоа време го добија и Сол Кембел на слободен трансфер. Нивните играчи се претворија во супер ѕвезди, а нашите беа само добри играчи, – порачува Карагер за „Скај Спортс“.

Facebook Коментари