Поврзете се со нас

Англија

Карагер: Арсенал нема да ја освои титулата поради две причини

Објавено

на

Арсенал игра одлично и во оваа сезона во Премиер лигата каде по 15. кола е на водечката позиција на табелата со два бода повеќе од второпласираниот Ливерпул, а шест од актуелниот шампион Манчестер Сити кој по лошите резултати во последно време падна на четвртото место.

„Топчиите“ и во претходната кампања беа во слична позиција и сега кога се на врвот почнува одново да се поставува прашањето дали можат да бидат шампиони и конечно да го освојат трофејот кој го нема во нивните витрини веќе две децении.

Џејми Карагер како аналитичар ги прати внимателно сите случувања и според него Арсенал ќе остане со празни раце поради две причини, нерешениот статус кога е во прашање голманската позиција и кој е број еден, но и поради головите кои се даваат во последните минуту, секунди.

-Тие се двете работи [ситуацијата со голманот и головите во последен момент] што ме тераат да мислам дека Арсенал нема да ја освои лигата.

-Не ми текнува на клубови, ако ги има кои ја освоиле лигата без голманот да има значајна улога во тоа и само ја гледам голманската ситуација и не ми е добро. Ги гледам головите во последната минута и тоа може да биде добра работа, може да биде лоша работа, -порача Џејми во подкастот „Stick to Football Podcast“

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни