Поврзете се со нас

Англија

Карагер: 40 години гледам фудбал, но никогаш немав видено вакво нешто (Видео)

Објавено

на

Foto:instagram.com/23_carra

Дербито меѓу лутите лондонски ривали Тотенхем и Челси секогаш носи голема тензија и нервоза на теренот, но она што се случи вчера во Северен Лондон дефинитивно направи да гледаме еден од најлудите мечеви во историјата на Премиер лигата.

Пет постигнати гола, четири поништени погодоци од ВАР, два црвени картони и осум жолти картони беше билансот од откаченото дерби кое заврши со резултат 1:4 за Челси, натпревар по кој неутрален коментар се обидоа да дадат и легендите како неутрални фудбалски фанови.

– Гледам фудбал 40 години и како неутрален фудбалски фан ќе кажам дека ова беше највозбудливиот и најлудиот натпревар кои било кога сум го гледал. Ова е вистински доказ дека Премиер лигата е најдобар лига во светот, – изјави воодушевениот Џејми Карагер.

Негов соговорник во студиото на „Скај Спортс“ беше Гери Невил, кој пак остана импресиониран од храбриот пристап кој го имаше тимот на Постекоглу во ситуација кога беше со девет играчи на теренот.

– Ова е првпат да видам како тим кој загуби 1:4 доби стоечки овации на домашен терен. Ова е луда и незаборавна ноќ, се беше лудо, од почетокот до самиот крај на мечот, – се надоврза Невил.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни