Поврзете се со нас

Свет

Карачиќ за тоа што се случува во Кјелце: Навистина сум изненаден, но верувам дека ќе се најде решение

Објавено

на

Најдобриот полски ракометен клуб, Кјелце остане без главниот спонзор, компанијата ВИВЕ и навистина е големо прашање како ќе изгледа овој состав во следната натпреварувачка сезона.

Полјаците започнаа кампања за собирање на средства кои ќе му помогнат на клубот да ги задржи најголемите имиња, меѓутоа ако сегашната ситуација не се промени може да си заминат дел од најголемите, најважните имиња.

Дел од таа група е и хрватскиот бек Игор Карачиќ кој даде краток коментар за најновите информации поврзани со сегашниот негов клуб.

-Не знам, навистина сум изненаден сум. Знаев дека постојано има разговори за тоа да градот да му помогне на клубот, имаше одреден притисок за тоа, меѓутоа ова сега е нешто ново. Сепак ја верувам дека тоа нема да се случи и дека сепак ќе се најде решене, -истакна Карачиќ кој се поврзува со кам-бек во Вардар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни