Македонија
Карачиќ со специјална честитка до своите вардарови браќа по големата дерби победа против Еурофарм Пелистер (Фото)

Игор Карачиќ е член на Кјелце веќе две години, но неговото срце се уште е „црвено-црно“ и тоа го докажа со денешната објава на социјалните мрежи, непосредно по големата победа која ја оствари Вардар.
Во големото македонско дерби кое е одлучувачко за титулата во домашното првенство, Вардар ја доби првата пресметка против Еурофарм Пелистер со убедливи 35:27 и самиот Стевче Алушовски нагласи дека ова е голем исчекор кон трофејот во Супелигата, па покрај очигледната еуфорија на теренот, почнаа да пристигнуваат честитки и од други страни.
Хрватскиот репрезентативец Карачиќ освои две титули со Вардар во Лигата на шампионите, а како еден од „бесмртните“ во историјата на македонскиот ракометен великан, со посебна честитка ги поздрави своите поранешни соиграчи.
– Браво бе деца, – им порача Кара на Столе, Дибиров, Дисингер и Калараш.

- Англијапред 21 час
Оле верува дека постот по заминувањето на Сер Алекс наскоро ќе заврши: Има напредок, блиску сме до трофеј
- Италијапред 24 часа
Милан му понудил двегодишен договор на фудбалер на Интер
- Италијапред 18 часа
Убав гест на Манџукиќ: Не играше за Милан, па ја одби платата и од клубот побара едно нешто
- Шпанијапред 23 часа
Клајверт заминува од Барселона
- Англијапред 23 часа
Екс ѕвезда на Манчестер Сити се уште е во лоши односи со Гвардиола: Му пишав порака, но не ми врати
- Англијапред 22 часа
Тухел со ветувачки најави за следната сезона: В година ќе е „друга песна“, дефинитивно ќе ги гониме
- Формула 1пред 19 часа
Фетел објасни зошто одбил да се вакцинира во Бахреин
- Англијапред 19 часа
Солскјер одговори на коментарите на Погба за Мурињо