Карачиќ се прости од „црвено-црните“: Големо благодарам до сите, Вардар засекогаш во моето срце (ФОТО)

Vardar-PikSeged

Игор Карачиќ по седум години си заминува од Вардар и се сели во полскиот прволигаш Кјелце. Хрватскиот бек мина низ многу моменти и ситуации во периодот во Скопје, но ќе ги памети само оние најпозитивните, најдобрите кои дефинитивно ги имаше со оглед на големите успеси од кои најголеми беа двете титули во Лигата на шампионите.

Денешниот ден Карачиќ го искористи за да испрати една порака со кој едноставно се прости од „црвено-црното“ семејство:

-Големо благодарам до клубот, играчите, а најмногу до навивачите кои беа покрај мене во оваа прекрасна приказна со Вардар! Засекогаш во моето срце, -напиша Карачиќ.

Facebook Коментари