Лига на шампиони
Карачиќ објасни која е тајната за шампионската титула

Од Келн за „Дерби“,
Александар Табаковски
Вардар за прв пат во својата историја дојде до пехарот во Лигата на шампионите, а дел од таа екипа е и Игор Карачиќ кој е еден од старо седелците меѓу „црвено-црните“.
Тој на завршниот турнир не доби голема шанса од тренерот Раул Гонзалес, но низ целата сезона како и низ претходните кампањи беше движечка сила на вардарци кои дојдоа до резултат за историските читанки во европските купови, но и во Македонија.
-Ние низ целата сезона игравме добар ракомет, не може сезоната да се оцени само по фајнал-форот. Најтешко е да се дојде на овој завршен турнир, многу е полесно да се освои истиот. Навистина е тешко да се дојде до него, ние тоа го искусивме, ама еве низ цела оваа кампања бевме први на сите четири фронта и секоја чест на дечките. Драго ми е што ги победивме екипите од другата група за да не може да се оспорува нашиот успех, -рече Карачиќ притоа откривајќи го рецептот за овој резултат.
-Јас и пред мечот кажав дека ова ќе биде дуел на големи имиња против еден силен тим. Вардар направи еден силен тим, силен колектив, секој играч даде 200 проценти од себе, сите се боревме еден за друг и на крај тоа беше пресудно, -заклучи хрватскиот репрезентативец.
-
Шахпред 10 часа
Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла
-
Балканпред 23 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
Шпанијапред 10 часа
Невидена сцена од топ 5 лигите: Разголена танчарка во ВИП ложата на натпревар на кој играше Барселона (Видео)
-
Шпанијапред 13 часа
Контроверзен момент и многу тензија во Памплона: Осасуна израмни против Атлетико, судијата ги разбесни домаќините (Видео)
-
Македонијапред 8 часа
Вардар обвини за опструкции: Пронајден е инвеститор кој сака да вложи 18 милиони евра, но…..
-
Шпанијапред 15 часа
„Синдромот Гати“ се префрли и во Шпанија: Играч на Алавес си даде автогол од 30 метри, противниците го тешеа (Видео)
-
Италијапред 14 часа
Мурињо по најлошиот старт во неговата тренерска кариера: Ни недостасува играчот кој лани направи многу грешки
-
Светпред 12 часа
Невил ги избра трите најважни летни трансфери и го посочи својот фаворит за титулата во ЛШ