Карачиќ: Не очекувавме ваква победа…

vardar

Екипата на Вардар со убедлив триумф над Кристијанштад од 31-15 ја затвори оваа календарска година во Лигата на шампионите.

Со овој нов успех воедно беа поставени нови клупски рекорди, ова беше највисока победа во нивната историја во ЛШ, плус продолжена е серијата од 15 натпревари без пораз во елитното друштво и 20 натпревари по ред во сезонава.

– Не знам што се случи со противникот, никој од нас не очекуваше дека ќе успееме да забележиме ваква победа. Игравме одлична во одбраната, бевме на ниво и во нападот. Се фунционираше како што треба. Честитки на момците за борбеноста и одличната партија. Ова беше неверојатен меч на кој сите имавме придонес, -истакна Игор Карачиќ.

– Среќен сум зошто сме во одлична ситуација. На првата позиција сме и тоа е одличен податок за нас пред паузата. Одбраната беше одлична, пред се во второто полувреме, а тоа ни отвори простор за контри. Играчите дадоа се од себе и тоа донесе победа, -дополни теренрот Раул Гонзалес.

Facebook Коментари