Светски првенства
Карачиќ: Може да се напише книга за тоа што ми се случи на овој мундијал

Домагој Дувњак не е единствениот играч на Хрватска кој денеска се прости од репрезентацијата, бидејќи последниот ракометен танц во финалето на Светското првенство го имаше и Игор Карачиќ.
Поранешната ѕвезда на Вардар влезе како резерва во овој тим на Хрватска пред самиот старт на мундијалот, но после три напорни недели, си заминува од Осло со освоен сребрен медал.
Иако голема желба му беше да го стави златото на својот врат, Карачиќ на крајот ќе мора да се помири со поразот од Данска, кој дефинитивно денеска беше неминовен со оглед на доминацијата која ја прикажаа скандинавците.
– Воопшто не сум тажен, преубаво ми беше што ги поделив овие моменти со овие момци во соблекувалната. Пресреќен сум, можеше да биде и подобро чувството на крајот, но не можев да посакам ништо подобро за крај. Се простувам со медал и можам мирно да им ја оставам репрезентацијата на овие момци.
– Секој медал ми е посебно драг, но на овој не се надевав. Се одеше кон тоа дека момците ќе играат без мене на овој турнир, но на крајот добив повик и дојдов. За ова што ми се случи мене на мундијалот може да се напише книга. На крајот, најважно е што ја вративме Хрватка онаму кадешто треба. На крајот, во финалето не одеше како што сакаме, но среброто е тука.
– Цело време зборувавме за дочекот кој ќе го имаме во Загреб, иако да бидам искрен, јас не сакам такви работи пред натпревар. Сепак, овие момци заслужија дочек, се надевам дека ќе има голем број луѓе во Хрватска. Ги сплотивме сите, го вративме ракометот на вистински пат и покажавме дека се уште имаме материјал за највисоки дострели. За крај, сакам да им се заблагодарам на пријателите и на цело мое семејство кое ме трпеше низ годините. Истото важи и за мојот пријател, за мојот брат, за мојот капитен Дувњак. Толку многу работи минавме заедно, заедно влеговме во репрезентацијата во 2006-та година, а се простуваме заедно, – порачува Карачиќ.
-
Лига на шампиони22 часа
Гвардиола и Анчелоти одбраа: Валверде почнува како десен бек за Реал, Пеп изненади со изборот за играч за врска (ФОТО)
-
Лига на шампиони23 часа
Агуеро си игра со оган: Ако Реал го победи Сити…
-
Англија22 часа
Сколс за премиерлигашката ѕвезда: Тој треба да оди во подобар и поголем клуб од Арсенал
-
Лига на шампиони18 часа
Фуриозна кралска завршница: Реал со пресврт до голема победа на „Итихад“ (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони8 часа
Винисиус по МВП изданието: Морам да разговарам со Флорентино
-
Лига на шампиони7 часа
Навивачите на Сити открија дека зајадливата порака не била наменета за Винисиус, туку за друг член на Реал (Фото)
-
Италија6 часа
Пандев кратко го искоментира враќањето на Елмас во Серија А
-
Лига на шампиони18 часа
Куртоа: Заслуживме да победиме, ова е духот…