Поврзете се со нас

Светски првенства

Карачиќ го знае клучот за победа против Данска: Не смееме да ја повториме грешката на Португалија

Објавено

на

Foto:www.instagram.com/igorkaracicc18

Домагој Дувњак и Игор Карачиќ како капитен и заменик капитен на Хрватска утре го играат последниот натпревар во репрезентативната кариера, а тоа ќе биде големото финале на Светското првенство кое својата завршница ја има во Осло.

После неверојатниот пат кој го имаа „коцкестите“ во Загреб, Хрватска сега се пресели во Норвешка за да го одигра големото финале со Данска, па иако скандинавците влегуваат како големи фаворити, Карачиќ, Дувњак и Сигурдсон на денешниот прес најавија борба до последна секунда и со последен атом од силите.

Натпреварот ќе биде специјален поради испраќањето на две ракометни легенди, а како ракометари со огромно искуство зад себе, двајцата си дадоа за право да посочат како Хрватска може да ја сопре залетаната Данска која брка четврта последователна титула на мундијалите.

– Нема притисок во тимот, благодарни сме што имаме шанса да играме во финале. Од првиот ден кога се собравме живеевме за овој момент и сега го живееме сонот. Ќе дадеме се од себе и се надевам дека ќе бидеме борбени во текот на сите 60 минути.

– Ако сакаш да ја победиш Данска, мораш да одиграш перфектен ракомет. Се надевам дека ќе ја повториме одбраната која ја имавме против Франција, со одлична поддршка од голманите. Мора да ја забавиме нивната игра, тоа е клуч за нас. Верувајте дека Хрватска знае како да игра против Данска, нема да им биде лесно. Мораме да имаме карактер и не смееме да се предадеме во ниту една секунда. Во полуфиналето не бев изненаден од Данците, бев изненаден од Португалците кои се откажаа во еден момент. Хрватска не смее да си го дозволи тоа.

– Јас и Дувњак црпиме сили од овие млади играчи во репрезентацијата, горд сум што стигнавме до тука. Сепак, нема да застанеме тука, одиме да ги одиграме уште овие завршни 60 минути. Ќе биде тешко за мене и Дувњак, веќе неколку години знаев дека ова ќе биде мое последно првенство. Ќе биде тешко, но размислувам само на натпреварот кој е пред нас. Ќе ги дадам последните атоми од силата на прошталниот меч за мене, – најави Карачиќ.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни