Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Карачиќ го потопи ПСЖ, Кјелце останува на врвот во групата

Објавено

на

Ракометарите на Вардар испуштија шанса да го совладаат Порто во Скопје, но затоа поранешниот вардарец Игор Карачиќ го предводеше Кјелце до голема победа над ПСЖ во истата група од Лигата на шампионите.

Хрватскиот репрезентативец постигнал дури 13 голови во триумфот на Кјелце со 35:33, покажувајќи се како нерешлива енигма за одбраната на ПСЖ поставена од неговиот поранешен тренер Раул Гонзалес.

По 18:18 на полувреме, полскиот првак беше подобар во вториот дел за важна победа и задржување на делба на првото место по пет кола во групата.

Карачиќ имал најголема помош во реализацијата од уште еден екс-вардарец, односно Алекс Душебаев кој го завршил натпреварот со 7 голови, додека на ПСЖ не му помогнаа 8 голови на Микел Хансен.

ПСЖ досега одигра четири натпревари и има дури три порази, а Вардар со натпревар помалку има бод повеќе од францускиот шампион.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни