Карачиќ го опиша последниот напад на Хрватска: Дувњак ми викаше од позадина, но…..

EHF EURO 2020 / Uros HocevarEHF EURO 2020 / Uros Hocevar

Игор Карачиќ беше далеку под својот просек кога се головите во прашање и во неколку наврати беше максимално надмудрен од страна на норвешкиот голман Бергеруд, но сепак кога најмногу требаше, поранешниот ракометар на Вардар ја изрежира клучната асистенција со која Муса постигна херојски гол за пласман во финалето.

Во ракометниот маратон кој траеше неставрни 80 минути, на крајот Хрватите се радуваа по две одиграни продолженија и низа драматични моменти, а во последните секунди од второто продолжение, Муса погоди по едно фантастично додавање на Карачиќ кој призна дека немал доволно сила во ова полуфинале.

– Бев многу истрошен, се „убив“ со Шпанците. Искрено, не знам како го издржавме ова денеска, но верувајте дека ќе имам сила за финалето, убеден сум во тоа. Последната топка со Муса е нешто што го трениравме, во последните моменти кога топката се одби кај нас, погледнав на семафорот и имаше уште 9 секунди. Погледнав напред и видов два или три играчи на Норвешка и одлучив да му додадам на Муса. Слушнав како Дувњак од позади ми вика „Кара, Кара“, но одлучив да му додадам на Муса и фала му на Бога тоа ми се врати со гол, – откри Карачиќ.

Facebook Коментари