Карачиќ го најави големото регионално дерби со Србија: Доколку има инцидент, ние играчите ќе…

karacic-topka

Со големото регионално дерби меѓу Хрватска и Србија ќе биде отворено Европското првенство во ракомет на кое домаќините се „коцкестите“, а со оглед големиот ривалитет кој постои меѓу овие две репрезентации во секој поглед, за очекување е да има посебен набој на трибините и жестока атмосфера.

Неретко било ситуација на ваквит натпревари да дојде и до некои пожестоки инциденти кои оставаат црна дамка на спортот, а бидејќи добар дел од медиумите стравуваат од можно такво сценарио, прв на оваа тема се огласи ракометарот на Вардар, Игор Карачиќ.

Запрашан за тоа како ќе се однесуваат тој и неговите соиграчи доколку дојде до непосакуван инцидент, хрватскиот репрезентативец порачува дека негова обврска и на сите останати на паркетот ќе биде да ги заштитат со телата нивните колеги од спротивната страна.

– Не знам што се случувало во Србија во 2012 година, но што се однесува до нас играчите, сите ние имаме само спортски цели и така ќе остане на теренот. Меѓу нас сигурно нема да има некој посебен набој, а што се однесува до нашите навивачи, тие сигурно ќе очекуваат многу од нас и ќе сакат победа. Не можеме да им забраниме на луѓето да навиваат и не можеме да контролираме како ќе се однесуваат, но според најавите од Сплит и Загреб, мислам дека нема да има инциденти. Доколку за жал, се случи такво нешто, ние играчите со нашите тела ќе ги браниме нашите ривали од Србија. Сите ние сме спортисти, сигурно и тие би ни помогнале во спротивна ситуација. Ние го делиме заедно лебот во нашите клубови, не дај Боже да дојде до нешто. Не верувам дека ќе се случи нешто, но доколку на крајот се случи, ние ќе стоиме пред нив да ги чуваме, – порачува Карачиќ во интервјуто за „Телеграф“.

Facebook Коментари