Поврзете се со нас

Светски првенства

Карачиќ: Го добивме Исланд уште во четвртокот вечерта

Објавено

на

Foto:www.instagram.com/igorkaracicc18

Хрватска беше потценета од целокупната јавност во пресрет на натпреварот со Исланд и малку кој веруваше во триумф на „коцкестите“, но откако кодомаќинот на Светското првенство успеа да ги демантира сите, сега зависи сам од себе за пласман во четвртфиналето.

Избраниците на Дагур Сигурдсон одиграа страшно прво полувреме кое го добија со 20:12 и тоа им овозможи да се радуваат на исклучително важна победа во втората фаза, па по триумфот од 32:26 сега се на првото место на табелата во пресрет на дуелот со Словенија.

Хрватска се прикажа во најдобро светло кога беше најпотребно, па Игор Карачиќ како еден од најискусните во тимот посочи дека победата над фаворизирираните Исланѓани била извојувана една вечер претходно.

– Ислан го победивме уште во четвртокот вечерта. Го добивме после вечерата која ја имавме како тим. Тие кои ќе го слушнат и ќе го прочитаат ова нема да сфатат, но моите соиграчи добро знаат што зборувам.

– Го добивме Исланд во четвртокот вечерта и сигурен сум во тоа. Што се случи и како се случи, ќе оставам да биде интерна приказна на тимот, нема да го споделам во јавноста, – изјавил Карачиќ.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни