Поврзете се со нас

Македонија

Карачиќ: Ги сакам Вардар и Македонија, ама…

Објавено

на

Игор Карачиќ скоро една деценија го носеше дресот на Вардар, клуб со кој оствари големи успеси, успеси за кои беше меѓу најзаслужите и со сето ова заслужно дојде до статусот на легенда на „црвено-црните“.

Изминативе месеци се појавија одредени информации дека токму тој може да си замине од сегашниот клуб Кјелце и се врати во Скопје и тоа во моментите кога тимот од Полска имаше одредени финансиски проблеми.

Сепак до такво сценарио не дојде, а одличниот бек за хрватските медиуми проговори на таа тема и за тоа дали постоела реална можност тој одново да го облече дресот на се уште актуелниот европски шампион.

-Не е тајна дека ги сакам Вардар и Македонија. Не стигна конкретна понуда од клубот, но имаше некои разговори и секако тоа ми годи. Вардар сепак е голем клуб, актуелен европски првак, но јас имам уште две години од договорот со Киелце кој ми понуди подобри услови, па во овој момент не помислувам да се вратам во Скопје, ниту имам потреба да размислувам за тоа во овој момент, -порача Карачиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни