Поврзете се со нас

Светски првенства

Карабатиќ призна дека Французите изгореле во „пеколот“: Не знаевме што не снајде

Објавено

на

Лука Карабатиќ беше херој на Франција во драматичниот пласман во полуфиналето на Светското првенство, но искусниот бек не можеше да направи ништо посебно во пресметката со Хрватска, која вчера го одигра најдобриот натпревар во последните неколку години.

Хрватите успеаја да дојдат до јубилејна десетта победа во дуелите со Французите од кого постојано губеа во последно време, а истата беше изборена на величествен начин во преполната „Арена“ во Загреб.

Добриот старт на натпреварот ги понесе избраниците на Дагур Сигурдсон и се создаде вистински „пекол“ за Французите, кои сега и сами признаваат дека не знаеле што ги снашло во првото полувреме.

Хрватска експресно се одлепи на семафорот и дојде до максимални „плус девет“ во 27-та минута, резултат кој дефинитивно никој не можеше да го замисли со оглед на моќта со која располагаат „триколорите“.

– Хрватска ја заслужи победата, а одлуката падна уште во првото полувреме во кое бевме многу лоши. Направивме технички грешки, со тоа дозволивме атмосферата да се подигне, а кога тоа ќе се случи, знаеме колку е тешко да се игра тука.

– Да бидам искрен, не знаевме што не снајде. Моравме да го одиграме најдобриот натпревар на турнирот за да се пласираме во финалето, но ние не успеавме во тоа, – признал Карабатиќ во интервјуто за „РТЛ“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни