Франција
Капитенската лента на Мбапе донесе потрес во ПСЖ: Ја почитувам одлуката на клубот (Фото)

Килијан Мбапе беше немилосрден и постигна пет гола во пресметката против Де Касел која заврши со резултат 7:0, натпревар кој донесе и неочекувани турбуленции во таборот на „светците“ поради изјавата на тренерот.
Кристоф Галтие по триумфот нагласи дека Килијан Мбапе неслучајно ја носел капитенската лента и дека новата одлука е тој да биде резервен капитен, улога која досега му припаѓаше на Преснел Кимпембе.
Во отсуство на првиот капитен Маркињос, отсега Мбапе ќе биде тој кој ќе ја носи капитенската лента, одлука од која изненаден останал и стоперот кој е повреден веќе подолго време.
Кимпембе се огласи на социјалните мрежи и нагласи дека ја прифаќа одлуката, но открива дека не добил никакво известување за тоа од никој од клубот.
– Во последните часови прочитав многу работи за себе. Поради тоа, сакам да ја разјаснам ситуацијата и да спречам понатамошно ширење на неточни информации. Не бев запознаен со таа одлука и тоа е вистината. Кога веќе го кажав тоа, ќе кажам и дека ќе ја почитувам секоја одлука на клубот, – порача Кимпембе.
-
Шпанијапред 20 часа
Изненадувањето во стартната постава на Чави: Го чекаме Меси во Барса, не го заслужува третманот кој го добива во Париз
-
Италијапред 21 час
Страмачони го нападна Инѕаги: Нема потреба од барање алиби
-
Формула 1пред 23 часа
Драматично во Ред Бул: Тензичната конверзација меѓу Ферстапен и Перез по крајот на трката (Видео)
-
Англијапред 14 часа
Англија остана без најдобриот играч за дуелите со Италија и Украина
-
НБАпред 17 часа
Портер Џуниор заби преку Јокиќ, па откри што му порача на соиграчот (ВИДЕО)
-
Светпред 15 часа
Направи големо изненадување, па доби „шут карта“: Клосе заработи отказ во првиот тренерски предизвик
-
Балканпред 24 часа
Хрватскиот јунак од СП во Катар со најоригинална објава за Адеми: Ако видиш дека не ги разбираш Кинезите….. (Фото)
-
Шпанијапред 23 часа
Карвахал имаше жесток клинч со третиот голман на Барселона по последниот судиски свиреж (Видео)