Поврзете се со нас

Европски првенства

Капитенот во цртан филм: Пандев тргна да му го украде трофејот на Роналдо (ВИДЕО)

Објавено

на

Пред нас е најголемиот фудбалски настан ова лето-тоа е Европското првенство на кое ќе учествува и македонската репрезентација.

Трофејот ќе го брани селекцијата на Португалија која како лидер, предводник ќе го има Кристијано Роналдо. Токму ѕвездата на Јувентус се наоѓа во центарот на вниманието на цртаниот филм на „Гол“, поточно на познатиот уметник Омар Момани кој се обиде на свој препзнатлив начин да покаже како ќе изгледа патот на Кристијано и колегите до обрана на титулата.

Роналдо цврсто го држи трофејот, додека сите се обидуваат да го украдат, а во еден момент во приказната се појавува нашиот Горан Пандев заедно со уште еден играч на Финска и тоа по повик на Хрватите.

Погледнете го првиот дел од овој цртан филм.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни