Поврзете се со нас

Репрезентација

Капитенот Трајковски: Заслужуваме десетка, додека сите беа на одмори, ние бевме тука за репрезентацијата

Објавено

на

Македонската кошаркарска репрезентација загуби од Словачка со 88-72 на последниот меч од претквалификациите за Светското првенство, но и покрај поразот се изборивме за пласман во наредната фаза и тоа како првопласирани во групата Ф.

Овој резултат донесе задоволство во нашиот табор, играчите затоа што сите работеа напорно во изминатиов период. Тие се собраа во ситуација во која добар дел од нивните колеги не можеа или не сакаа да помогнат од различни причини, ама на крајот сепак целта е остварена и Македонија ќе игра во главните квалификации за мундијалот во 2023 година.

-Им многу работи кои треба да се подобрат за понатаму, меѓутоа не е време да се говори сега на оваа тема. Дојдовме до првото место во кое никој не веруваше пред стартот на подготовките за овој циклус. Мора да извлечеме една добра поука. Ја освоивме првата позиција, работевме на пеколни температури 40 дена.

-Додека сите беа на одмор, ние бевме тука за репрезентацијата. Сега пред нас се квалификациите, истите ќе зависат тие. Не знаеме кој тогаш ќе игра, ќе биде спремен, повреден… Сите кои ќе бидат повикани мора да се сплотат и искрено се надевам на добар резултат. Оценка од најмладиот до најстариот – сите имаат една „десетка“ за настапите, -истакна капитенот Бојан Трајковски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни