Репрезентација
Капитенот Стојановски: Сакаме победнички крај на квалификациите

Македонската сениорска кошаркарска репрезентација ги започна подготовките за двата престојни меча против Шпанија и Украина во рамките на квалификациите за Светското првенство.
Првата средба ја играме на гостите, додека Украинците ќе ги дочекаме во Скопје со тоа што желбата е да забележиме барем една победа и со тоа да не останеме без позитивен резултат во овој циклус за мундијалот кој во 2023 се игра во Индонезија, Јапонија и Филипини.
–Малку сме од искусните што останавме, имаме повеќе млади. Атмосфера секогаш имало и ќе има во репрезентацијата…За натпреварите, Шпанија е со истиот состав кој играше во Македонија. Дали е ‘Б’ или ‘А’ тим, Шпанија е Шпанија, ние ќе дадеме се од себе. Најважно ќе биде да се одигра достојно и против селекција од Евролигата и Еврокупот, истакна капитенот Војдан Стојановски.
–Дома, пак, со Украина, сакаме да одиме на победа и да ги завршиме квалификациите барем со една победа. Во овој циклус научивме дека нема слаби репрезентации. Штета што цело време не сме комплетни, поради повреди и отсуство на играчи. Последен пат бевме комплетни на ЕП 2015 во Загреб, -дополнува и констатира Стојановски кој имаше напорна сезона со МЗТ Скопје.
-
Пливањепред 22 часа
Романски тинејџер го собори светскиот рекорд на 100 метри слободен стил
-
Англијапред 23 часа
Голманот на КПР донесе голем бод со гол во последните секунди (Видео)
-
Светпред 21 час
Роке, Роке, Роке: Санта Круз е мајстор и на 40 години (Видео)
-
Англијапред 24 часа
Невил: Глејзер под итно да се појави во Манчестер, клубот скапува
-
Англијапред 14 часа
Кејн го замолкна „Стемфорд Бриџ“ во 96. минута, Конте и Тухел режираа срам за Премиер лигата (Видео)
-
Шпанијапред 9 часа
Алаба влезе во игра и со првиот допир со топката изведе ремек-дело (Видео)
-
Репрезентацијапред 14 часа
Голем успех за момците на Стојановиќ: Кадетите го освоија ЕХФ шампионатот во Рига
-
Англијапред 21 час
Рио Фердинанд за колапсот на Јунајтед: Веќе не можам да ги тролам ни фановите на Арсенал