Поврзете се со нас

Репрезентација

Капитенот Ристовски одговори на провокацијата на претседателот на Славија (Фото)

Објавено

на

Натпреварот меѓу Бугарија и Македонија за нас ќе означи старт на новата сезона во Лигата на нации, пресметка која сепак носи и својата политичка позадина поради нарушениот однос и отежнатите преговори меѓу двете земји кои трајат веќе извесно време.

Селекторот Благоја Милевски одби да ја поврзе политичката состојба на било каков начин со фудбалскиот натпревар и избегна прашања на оваа тема на официјалниот прес, но затоа вчера пристигна една доста невкусна провокација од Бугарија, и тоа од првиот човек на Славија Софија.

– Која е таа С. Македонија!? Па таа вчера стана држава, зошто тогаш ние да стравуваме од нив. Ако стравуваме од репрезентации како Македонија, Гибралтар и Грузија, подобро да не играме фудбал, – изјави Венцислав Стефанов за бугарските медиуми.

Претседателот на Славија Софија предизвика голем револт во македонската спортска јавност со оваа своја изјава, па поради тоа, доби одговор и од еден од најпознатите македонски репрезентативци.

Стефан Ристовски како капитен на селекцијата нема да може да игра во Разград поради повреда, но затоа немаше проблеми да го најави мечот споредувајќи го првиот човек на Славија со нилски коњ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни