Поврзете се со нас

Светски првенства

Капитенот Ристовски му испрати порака на Фернандеш пред бараж-ждрепката за СП (Фото)

Објавено

на

Стефан Ристовски како капитен на македонската фудбалска репрезентација нагласи дека верува во успех во баражот за Светското првенство и покрај тоа што нашиот тим ќе добие тешки ривали како неносител, но покрај одработеното интервју за „Јутарњи лист“, стандардниот дефанзивец ги искористи и социјалните мрежи како најава за тоа што следи.

На 26-ти ноември ќе се одржи ждрепката за бараж натпреварите на мундијалот и Македонија ќе добие еден од шесте носители, меѓу кои е и селекцијата на Португалија која беше шокирана од Србија во последната квалификациска рунда среде Лисабон.

Повредените Португалци сигурно се едни од ривалите кои би било добро да се избегнат, но така не мисли и капитенот Ристовски кој му испрати порака на Бруно Фернандеш.

Популарниот Рики добро го познава фудбалерот на Манчестер Јунајтед од заедничкиот период кој го имаа во Спортинг Лисабон, каде Бруно му беше капитен и одличен пријател во соблекувалната.

Ристовски сподели една интересна статистичка анализа на „Трансфермаркт“ со која е направено подредување на вредноста на сите 12 селекции во баражот, листа на која Португалија е на првото, а Македонија на последото место.

– Бруно Фернандеш, те чекам, – му порача Ристовски на Бруно.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни