Поврзете се со нас

Македонија

Капитенот потпиша нов договор: Спасовски останува во Бутел!

Објавено

на

Големиот борец Бојан Спасовски и во наредната сезона ќе го носи дресот на македонскиот прволигаш РК Бутел.

Спасовски си подаде рака со клубот за продолжување на соработката за уште една сезона, сезона во која очекува тимот на оствари добри резултати на домашната сцена и секако квалитетно да се претстави во Лигата на Европа.

-Останувам во Бутел Скопје уште една сезона и се надевам дека повторно ќе го предводам тимот до уште поголем успех. Ги задржавме носителите на играта во нашиот тим за следната сезона, а имаме одлична соработка со тренерот Грчевски. Сите екипи работат на трансфер пазарот и не очекува интересна Суперлига. Раководството ни ги овозможува сите услови, а нас ни останува да мислиме само на играта. Покрај домашните обврски, ќе бидеме активни и на меѓународна сцена во Лигата на Европа каде исто така очекувам достојно претставување на клубот и на Македонија, а ќе играме и на традиционалниот Струшки турнир, изјави Спасовски.

Бутел да посетиме претходно ги продолжи договорите со Василевски, Младеновски, Мајиќ, Печенковски, Мојсоски, Ѓоргиевски и Божиновски, но и воедно донесе пет кадетски репрезентативци на Македонија и тоа десното крило Бојан Спасовски, голманот Дино Трајчевски, кружниот напаѓач Стефан Стојчевиќ, потоа средниот бек Марко Митев и левиот бек Едвин Омерагиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни